
Транспортната компанија Erak Transporter е формирана во 2016 година. Своето работење го започна со три минибуси, опслужувајќи ги барањата на своите клиенти за транспорт на своите вработени до нивните работни места.
Erak Transporter e првиот официјален автобуски превозник кој започна со организирање и спроведување на посебен линиски превоз на патници од Меѓународниот Аеродром Скопје – до градот Скопје и обратно.
Како резултат на квалитетот на нашето работење, професионалноста и сигурноста на нашите услуги низ годините, го зголемија интересот за соработка на голем број клиенти, сошто се зголеми нашиот возен парк како и палетата на транспортни услуги.
Денес нашиот возен парк се состои од:
5 Автобуси
16 Минибуси
На нашите клиенти ги нудиме следните услуги:

Организиран транспорт за вработени до нивното работно место

Аеродромски автобуски линиски превоз на патници од Меѓународниот Аеродром Скопје – до градот Скопје и обратно.

Персонализирани барања за транспорт на територијата наРепублика Северна Македонија како и во соседните Балкански држави

Најевтин превоз од/до аеродром

Придонес до намалувањето на емисијата на CO2

Безбеден Транспорт